Во првиот квартал од годинава во земјава се регистрирани 86,9 милиони евра странски инвестиции, што е околу 10 милиони евра повеќе од истиот период минатата година, покажува статистиката на Народната банка (НБРМ). Според статистичките пресметки на Централната банка, 53,3 милиони евра од вкупните директни инвестиции се акционерски капитал и реинвестирана добивка. Најголеми инвестиции доаѓаат од компании од Швајцарија, Германија, Австрија и од Грција, а најмногу се инвестирало во производството, земјоделството и енергетскиот сектор. Владата за годинава најави дека странските директни инвестиции ќе надминат 300 милиони евра. Тоа го поткрепи и со перманентното најавување на нови инвестиции кои ќе отворат нови работни места во земјава.
Во првиот квартал од годинава во земјава се регистрирани 86,9 милиони евра странски инвестиции, што е околу 10 милиони евра повеќе од истиот период минатата година, покажува статистиката на Народната банка (НБРМ).
Според статистичките пресметки на Централната банка, 53,3 милиони евра од вкупните директни инвестиции се акционерски капитал и реинвестирана добивка.
Најголеми инвестиции доаѓаат од компании од Швајцарија, Германија, Австрија и од Грција, а најмногу се инвестирало во производството, земјоделството и енергетскиот сектор.
Владата за годинава најави дека странските директни инвестиции ќе надминат 300 милиони евра. Тоа го поткрепи и со перманентното најавување на нови инвестиции кои ќе отворат нови работни места во земјава. Само во последните неколку месеци десетина странски компании најавија отворање на производствени погони во Македонија и отворање на илјадници нови работни места. Меѓу поголемите странски инвеститори се турската групација "Веибо груп", која ќе инвестира 180 милиони долари во изградба на текстилен град во североисточниот дел во Македонија, во кој ќе бидат отворени од 4.000 до 5.000 работни места. Украинската компанија "Енергиа" ЛТД најави инвестиција од 18 милиони долари во фабрика за прочистување на вода во слободната зона во Бунарџик, во која ќе се вработат над 150 луѓе. Италијанската компанија "Диатек", пак, ќе инвестира 10 милиони евра во изградба на производствен погон за апарати за дигитално печатење, во кој е предвидено да се вработат 200 лица, а американската групација "КСС" најави инвестиција од 20 милиони долари во фабрика за автомобилски делови во слободната зона во Кичево, каде што ќе бидат отворени 200 нови работни места.